EkoLife пелети со врвен квалитет
EkoLife пелетите се произведуваат од 100% дрво. Тие се мешавина од иглолисни дрва и бука. Се произведуваат во најсовремени технолошки услови, чиј квалитет секојдневно се испитува во лабораторија во склоп на фабриката. Целта е да се добие врвен краен производ кој ги задоволува сите стандарди за А1 класа, и кој е најдобриот избор за греење за Вашиот дом или деловни простории.
Пелетите се обновлив извор на енергија и при нивното согорување не ја загадуваат околината. Моментално се најефтиниот енергенс мерено по добиена енергија/цена на чинење во цела Европа.